Багдад: Демантирани информациите дека сојузничките сили се 150 километри во Ирак

Ирачкиот министер за информации Саед ал Шахаф на денештана прес конференција во Багдад ги демантираше информациите дека сојузничките сили навлегле сто и пеесет километри на ирачка територија.,,Тие не се влезени ни неколку километри од границите,, - рече кој додаде дека во воздушниот напад врз резиденцијата на Садам Хусеин никој од неговото семејство не бил повреден. Претходно, портпаролот на британската војска во Заливот Ал Локвуд изјави дека за неколку дена сојузничките сили би можеле да влезат во Багдад. ,,Да сум коцкар, а не сум, би рекол во наредните три до четири дена,, - им рече Локвуд на новинарите во Катар.