Свет: Продолжуваат анти воените протести

Низ повеќе земји на светот денеска продолжија протестите против војната во Ирак. Демонстрации се одржуваат во Мелбурн, Токио, Исламабад, Бангкок, Каиро. На протестите низ многу градови во Соединетите Држави, како што соопшти полицијата, биле упасени над илјада и петстотини лица, најмногу од нив во Сан Франциско. Тие биле упасени поради тоа што блокирале улици, кршеле прозорци и излози и напаѓале полицајци.