Лондон: Блер ги повика Русија и Франција да не ставаат вето

Британскиот премиер Тони Блер ги повика денеска Русија и Франција да не ставаат вето на новата резолуција за ситуацијата во Ирак, во Советот за безбедност на Обединетите Нации. „Доколку земјите започнат разговори за користење на вето, со тоа всушност му испраќаат порака на Садам Хусеин дека е слободен“ изјави Блер. Тој ги предупреди европските земји дека оддалечувањето од Соединетите
држави е „многу опасен“ потег.