Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар изјави дека Шпанија во ирачката криза ќе дејствува во рамки на Обединетите нации во случај да не се постигне консензус во Советот за безбедност. Во инервјуто за телевизијата Теле 5 ирачкиот лидер Садам Хусеин го спореди со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевик и со германскиот диктатор Адолф Хитлер.