Малта денеска ги очекува првичните резултати од вчерашниот референдум на кој 90 % од граѓаните кои излегоа на референдумот, се изјаснуваа по прашањето за влез на земјата во Европската Унија. Меѓу 10-те кандидати повикани за влез во Унијата, Малта е прва земја која организира референдум за изјаснување на своите граѓани. Според истражувањето на јавното мислење повеќето граѓани на медитеранскиот остров, го подржуваат влезот на земјата во ,,големото европско семејство,,.