Илија Павлов претседател на бугарската корпорација „МГ“ поранешна „Мултигруп“ е убиен синоќа во близина на централната канцеларија на компанијата во Софија, јави државната бугарска телевизија. Павлов е погоден со истрел од огнено оружје во срцето.„Логично е да се заклучи дека атентатот е дело на професионален убиец“ изјави софискиот јавен обвинител Здравко Јорданов. Убиството се случи ден откако Павлов сведочеше на судскиот процес за убиство на поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов.