Британскиот премиер Тони Блер денеска се сретна со рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов, на која главна тема на разговорите била ирачката криза. Иванов по средбата со Блер, во текот на денов треба да отпатува за Париз, каде ќе се сретне со неговиот француски колега Доминик Де Вилпен. Русија, Германија и Франција се спротивставуваат на можната воена интервенција врз Ирак, и потенцираат дека на инспекторите на ОН, мора да им се даде повеќе време.