Приштина: Нема да има проширување на темите на разговор со Белград

УНМИК соопшти дека нема да има проширување на најавените теми на разговор меѓу властите во Белград и претставниците на привремените институции на Косово, по предлог на шефот на УНМИК Михаел Штајнер. ,,Во писмото упатено до српскиот премиер Зоран Џинџиќ и вицепремиерот Небојша Човиќ, се наведени доволно суштински прашања, кои се од огромно значење за решавање на практичните проблеми во Покраината,, изјави портпаролот на УНМИК Џорџ Какук.