Вашингтон смета дека отстапките од страна на Багдад не се доволни да го запрат одбројувањето до евентуална војна. Американски воени експерти тврдат дека воената операција може да биде успешна и без помошта од Турција, со забелешка дека одбивањето на Анкара да одобри стационирање американски војници би можело да ја одложи војната до крајот на март или почетокот на април.