Најдоцна до 2005 година ќе започнат преговорите за конечниот статус на Косово, се наведува во извештајот на Американскиот институт за мир. Оваа година треба да започне дијалогот меѓу Србија и Косово, а потоа и консултациите меѓу Соединетите држави, Европската Унија, Обединетите Нации и Русија. Извештајот кој за прв пат е објавен, представува збир на оценки изнесени на неформалниот состанок, на тема ,,Конечниот статус на Косово,, организиран од Институтот за мир.