Ирачкиот председател Садам Хусеин изјави дека Ирак можеби нема да се согласи да ги уништи ракетите Ал Самуд 2, за кои инспекторите на Обединетите Нации, утврдија дека го надминуваат дострелот одреден од Советот за безбедност. Во интервјуто за радиото Си-Би-Ес, Хусеин негира дека некои од проектилите Ал Самуд, се во спротивност со одредбите на Обединетите Нации. Американската армија соопшти денеска дека три ирачки ракетни ситеми од типот земја земја се бомбардирани од сојузничките авиони во близина на северниот град Мосул. До нападот дошло откако ирачаните ги поставиле овие системи во забранетата зона за летови.