Главна цел враќање на контролата на целата територија на Македонија до септември

Денес навршуваат точно првите сто дена од функциониарњето на новата Влада, период во кој се обидувавме да ги согледаме сите проблеми во државава, изјави лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски

„Ова е период во кој се обидувавме да ги идентификуваме сите дубиози, да го вратиме на нормален колосек на само од шини излезениот, туку и неколку пати превртениот и хаварисан воз. Оваа година ќе биде година на ригорозно штедење на владата и на владините институции. Мора да му создадеме повеќе маневарски простор на стопанството.“

Црвенковски со став дека носечки столб на политичкото дејствување е борбата против криминалот од секаков вид

„За да бидеме успешни во оваа битка, потребна е една широка, систематска, бескомпромисна општествена акција во која ќе бидат вклучени сите сегменти на општеството. Треба да создадеме амбиент во кој на прво место ќе биде лојалноста кон уставот и законите,“

Истакна Првиот човек на социјалдемократите и посочи дека сега откако трансферот на власта е завршен со што се овозможува клучните институции да функционираат координирано, ќе се разгледуваат листите на именуваните и избрани функционери

„Ќе констатираме дали некаде имаме конфликт на интереси, дали имаме дуплирање на исти личности, дали имаме решенија како резултат на непотистичко влијание, дали имаме лица коишто не ја исполниле обврската од законот за анти корупција и сите што излегуваат надвор од овие принципи ќе бидат разрешени и заменети.“

Како клучен елемент за стабилен и успешен развој на државава, по кризата што се случи 2001 година, Црвенковски ги посочи мегуетничките односи

„Тие се базата и темелот на се останато. Од нив се почнува и се зависи. Меѓусебната доверба и толеранција е целосно уништена. Главната задача целосно им припаѓа на институциите на системот. Наша главна цел е до септември со сопствени сили да ја преземеме контролата на целокупната територија. Во моментот кога ќе соопштиме дека на Македонија повеќе не и е потребно меѓународно воено присуство ќе стане јасно дека Македонија успешно ја пребродела воено-безбедносната криза.“