Приштина: Вооружени лица во црни униформи во косовските села

Во неколку косовски села во последно време, можат да се забележат маскирани вооружени лица во црни униформи, пишува денешен Коха Диторе. ,,Членовите на Албанската национална армија, најчесто доцна во ноќта ги застануваат и легитимираат локалните жители,, изјавуваат за Коха Диторе неколку очевидци. Претставниците на УНМИК и КФОР на Косово, велат дека немаат информации за делување на паравоениформации на Косово.