Најмалку 20 лица загинаа, а над сто се повредени во екслозија на бомба во еден диско-клуб во Богота, изјави градоначалникот Антанас Мокус. По експлозијата, избувнал пожар кој ја зафатил целата зграда. Бомбата била поставена во еден автомобил кој се наоѓал на паркингот пред клубот. Според министерството за внатрешни работи во Богота, за нападот се одговорни Револуционерните вооружени сили на Колумбија.