Кој е упатен Трајковски или ВМРО-ДПМНЕ?

За утврдување одговорност за конкретно дело треба да се обезбедат докази дека лицете учествувало како извриштел, поттикнувач или помагач на кривичното дело, вели професорот по казнено право Владо камбовски говопрејки за тоа на кој начин начин би можело да се утврди дали претседателот на државата Борис Трајковски знаел за начинот на кој била финансирана неговата претседателска кампања.

Камбовски објаснува дека покрај извршителот, потикнувачот и оној кој што помогнал да се изврши кривичното дело можат да бидат казнети и други лица

„Тие можат да одговараат евентуално за непријавување не делото, ако се работи за потешко дело. Тоа се оние други учесници во едно дело. Сега каде и во која категорија до тие е посочената личност треба да се утврди врз основа на докази,“

вели професорот Владо Камбовски.

Од кабинетот на претседателот со објаснување

„Претседателот како што знаете беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а каков таков немал никакви надлежности и увид во средствата со кои се финансира кампањата, за тоа прашање биле надлежни финансиските органи на партијата.“

Од друга страна во ВМРО ДПМНЕ велат

„Најупатени во таа претседателска кампања беа самиот кандидат и шефот на републичкиот изборен штаб Душко Кадиевски, така што на овие прашања тие најсоодветно ќе може да одговорат,“

изјави портпаролот на партијата Владимир Ѓорчев.

Професорот по казнено право Владо Камбовски смета дека треба да се разгледа финансирањето и на останатите изборни кампањи во земјава

„Стана општа практика при изборите масовно да се пљачкосува народот и со државни пари да се финансира овој или оној или оваа или онаа партија. Погледнете го законот за спречување на корупцијата, не случајно, во воведните одредби на тој закон, првите одредби се однесуваат на корупцијата во политиката, токму на овие прашања, на финансирање на политичките партии, финансирање на изборните кампањи на трошењето на буџетските средства и слично. Тоа се заборава дека е дел од законот за корупција односно од анти корупциската кампања.“