Скопје: Порака на меѓународните претставници во Македонија, нема да има нова војна

,,Нема да има нова војна во Македонија, ниту пак постои реална закана за безбедноста во земјата,, порачаа денеска претставниците на меѓународната заедница во Македонија. ,,Сеуште постојат групи во поранешните кризни региони но, тие не се реална закана за безбедноста во регионот,, изјави портпаролот на НАТО Крег Ретклиф. Тој го повика населението од регионите на Тетово и Куманово, да одбива да им плаќа рекет на криминалните групи, оценувајќи дека на тој начин во соработка со полицијата овие луѓе ќе се обесхрабрат.