Во локалната полициска зграда во Пеќ, вчера вечер била фрлена експлозивна направа, но повредени лица нема, соопшти портпаролот на УНМИК на Косово, Андреа Анџели. Експлозијата предизвикала помала материјална штета, а од УНМИК се сомневаат дека на полициската станица била фрлена противтенковска мина.