Багдад: Нова посета на претседателската палата на инспекторите на ОН
Експертите за оружје при Обединетите нации денеска се во претседателската палата во ирачкиот главен град. Ова е втора посета на палатата откако инспекторите почнаа со работа на теренот во потрага по оружје за масовно уништување во Ирак.