Копер: Пожар нанесе загуба од десет милиони евра на словенечки "Томос"

Материјалната штета од пожарот што на новогодишната ноќ го зафати и до темел го уништи магацинот на словенечката компанија за произвотство на мотори и велосипеди "Томос" во градот Копер изнесува над 10 милиони евра, јавија словенечките медиуми. Полициски извори соопштија дека истрагата за утврдување на причините е во тек, не исклучувајќи ја можноста пожарот да бил предизвикан од посилна петарда или ракета. Пожарот изби половина час по доаѓањето на Новата година и зафати 6000 квадратни метри од магацините, како и голем дел од производствените хали на компанијата.