Саудиска Арабија им дозволи на Соединетите држави да ги користат капацитетите на оваа земја во случај на војна со Ирак, изјавија претставници на Пентагон. Оваа земја е долгогодишен американски сојузник, но повеќе месеци беше неизвесно дали Саудиска Арабија ќе им дозволи користење на својата територија.