Господине амбасадоре што ја одбележа годината зад нас?
Многу сум импресиониран од напредокот во Македонија во последниве 9 месеци откако сум тука. Чувствувам дека мирот во земјата е консолидиран. Се разбира ова првенствено поради 15 септември кога имавме фер, сигурни и слободни избори. Тие придонесоа и за промена во функционирањето на операциите на Наменските сили лисица, бидејќжи пред изборите овие сили беа многу повеќе вклучени во превенцијата од инциденти и во намалувањето на тензиите, а по 15-ти септември одвај да имаат работа. Оттогаш секое насилство што се случува во поранешните кризни региони може единствено да се оквлалификува како криминално дело, а не како етничко или како политичко. Тоа е голем напредок и вие многу лесно можете да направите нешто во врска со тоа.
Имате ли сугестии за приоритетите во оваа година?
Јас не сум економист и НАТО не е економска организација но мислам дека сега треба да им се даде предност на економските проблеми и на проблемот со невработеноста, секако рамо до рамо со имплемантацијата на Охридскиот договор. Всушност, не мислам дека на македонската влада и се потревни мои препораки го слушав говорот на премиерот во собранието и се што треба да се направи е таму.
Што може да се рече за новата евентуална мисија на европските сили?
Мислам дека во практиката ќе може да приметите само мала разлика. Новата европска мисија, доколку ЕУ ја преземе од Алијансата што по се изгледа и ќе се случи, ќе ги има досегашниот мандатна сегашните НАТО сили. Војниците што ќе бидат распоредени во поранешните кризни региони повторно ќе ја имаат мисијата за зголемување на чувството на сигурност И на стабилност, така што полицијата да може да се врати таму и да ја врши својата работа. Силите што ќе бидат вклучени ќе бидат европските трупи кои практично веќе се ангажирани, само што сега командната стурктура и припаѓа на Алијансата. Но, на теренот нема да има промени - ќе видите гермаци италијани луѓе од голем број европски земји кои ја вршат истата задача што НАТО сега ја прави. Но, НАТО останува и ќе ја продолжи советодавната улога во реформите на армијата дизајнирани според стандардите на Алијансата, но и согласно потребите на Македонија. Бидејќи знаете, армијата не се реструктуира за да му направи услуга на НАТО, туку да биде поефикасна и поекономична. Значи овие напори продложуваат да бидат во надлежност на НАТО. Со еден збор ЕУ ќе го преземе операционалниот аспект на мисијата, но НАТО останува. Мојата канцеларија останува. НАТО не и го врти грбот на Македонија. Туку токму спротивното.