Центарот за следење на изборите соопшти дека од вкупното гласачко тело на Црна Гора, кое изнесува 450 илјади, на изборите излегле само 45 насто. Кандидатот на владејачките партии и екс премиер Филип Вујановиќ, освоил 84 насто од гласовите, додека другиот дел од гласовите се поделени меѓу останатите 10-мина кандидати. Вујановиќ изрази задоволство од резултатот, иако не е избран, оценувајки дека добил подршка која никогаш ниеден кандидат во Црна Гора не ја добил во првиот круг од изборите.
„Покажавме дека сме стабилна држава, дека ги почитуваме правилата на изборите и оти можеме да ги одржиме без ниден инцидент.“
Аналитичарите во Подгорица оценуваат дека неуспегот на изборите бил очекуван, главно поради бојкотот на опозицијата и застарениот изборен закон, кој предвидува цензус. Во Центарот за стратешки студии во Подгорица претпоставуваат дека е можно на изборите да не излегле и дел од гласачите на владејачката коалиција. Со сличен став е и директорот на Центарот за транзиција Небојша Медојевиќ.
„Виновниците треба да се бараат во неодговорното однесување на владејачката коалиција. Прво, се случи потпишувањето на Уставната повелба за новите односи со Србија, а многумина очекуваа референдум за независност, Второ – скандалозната афера со трговијата со жени, во која се вмешани функционери од владејачката гарнитура, и Трето – проблемите околу составот на новата влада.“
Според Црно-горскиот изборен закон, по еден месец гласањето се повторува со истите кандидати, а нови претседателски избори ќе бидат закажани доколку и повторното гласање не успее. Меѓутоа, аналитичарите предвидуваат дека може да се очекува Парламентот да го измени Законот за избор на претседател, односно да се укине цензусот од 50 насто во врска со одзивот.