Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика властите во Иран да се приклучат кон демократските процеси. Ако Иран ги почитува мегународните обврски и дозволува слобода и толеранција, нема да има подобар пријател од Соединетите држави, изјави Буш кој неодамна рече дека Иран е дел од злото заедно со Ирак и Северна Кореја.