ВАШИНГТОН: Средба Пауел - Солана

Ирак и Блискиот Исток се главна тема на разговарите во Вашингтон меѓу американскиот државен секретар Колин Пауел и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана. Солана изјави дека Соединетите држави треба да го почекаат извештајот на инспекторите на Обединетите нации за оружјето во Ирак пред да превземат еднострана акција против Багдад.