Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на форум во Ротердам изјави дека САД имале план за напад на нуклеарните постројки на Северна Кореа во 90-тите години. Клинтон рече дека нуклеарната програма на Северна Кореа мора да запре и предупреди на опасноста оваа земја да продава оружје на оној што ќе понуди највисока цена.