К. Митровица: Делегација на ОН во посета на градот

Делегација на Советот за безбедност при Обединетите нации денеска е во посета на поделената Косовска Митровица. Шефот на делегацијата, норвешкиот амбасадор во Обединетите нации Оле Петер Колби, вчера изјави дека Косово е уште далеку од тоа да биде демократија која функционира. За утре е предвидено делегацијата да се сретне со југословенскиот претседател Воислав Коштуница и српскиот премиер Зоран Гингиќ.