Пјонгјанг: Северна Кореа ќе продолжи со нуклеарната програма

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја изјави дека неговата земја ќе продолжи со нуклеарната програма. Ова следи по заедничката одлука на Соединетите држави, Јужна Кореја и Јапонија да го прекинат доставувањето на нафтени деривати за Пјонгјанг. Јужна кореја за денеска свика средба на Националниот совет за безбедност за да се разгледа изјавата на властите на Северна кореја. Нуклеарните капацитети во Северна кореја не функционираат од 1994 година кога за ова беше постигнат договор со Соединетите држави поради стравување дека можат да се искористат за производство на оружје.