Москва: НАТО и Русија да ја прошират соработката

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со генералниот секратар на НАТО Џорџ Робертсон во Москва изјави дека алијансата и Русија мора да ја прошират соработката за да се осигураат дека проширувањето на НАТО нема да и наштети на заедничката доверба. Робертсон, кој учествува на конференцијата на тема Улогата на војската во борбата против тероризмот изјави дека е потребна заедничка работа меѓу НАТО и Русија за да бидат елиминирани терористичките опасности во светот.