Терористичката мрежа Ал Каеда ја презема одговорноста за минатонедлните напади на израелски туристи во Кенија, се вели во соопштението на оваа организација објавено на Интернет. Американските официјални власти велат дека се зголемени индициите дека оваа терористичка мрежа е инволвирана во нападите во Кенија.