Москва: Доставени докази за Закаев во Данска

Русија и доставила на Данска информации за поврзаноста на чеченскиот бунтовник Ахмад Закаев со киднапирањето на двајца православни свештеници во 1996 година. Закаев е притворен во Копенхаген, а Данска бара докази за неговите евентуални терористички активности за да и го предаде на Русија.