Германија има подготвено околу 100 милиони вакцини против вариола како превентива во случај на терористички напад со тој вирус, пишува германскиот неделник Фокус. Германските стручњаци подготвиле итен план за брза реакција на евентуален напад со вирусот вариола, кој може да се користи како биолошко оружје.