Американски дипломати престојуваат во Пекинг на разговори со кинески официјални претставници во врска со информациите дека Северна Кореја поседува нуклеарно оружје. Белата Куќа соопшти дека се залага за мирно решение на кризата и го повика Пјонг Јанг да се откаже од нуклеарната програма. Северно-корејеските медиуми не објавуваат ништо за американските обвинувања околу нуклеарното оружје.