Најтешкиот дел од работата завршен

По усогласувањето на заедничката платформа преговорите за нова влада меѓу коалицијата „За“ и ДУИ продолжуваат околу расподелбата на министерските места.

„Платформата е завршена и денеска преговорите се за ресорите и позициите,“

изјави еден од преговарачите на коалицијата Јован Манасиевски од ЛДП. Односот десет министерски места за коалицијата „За“ и четири за ДУИ е начелно договорен, прашањето е кои министерски места ќе и припаднат на партијата на Ахмети. На ДУИ им се понудени прaвда, економија, труд и социјала, локална самоуправа и едно потпретседателско место во владата. Но оваа предлог раподелба може да претрпи промени велат партиски извори пред почетокот на преговорите.

„Ние не поаѓаме од принципот на важни и помалку важни министерства. Во суштина заинтересирани сме за сите министерства и се зависи од разговорите во кои министерства ќе добиеме раководно, а во кое заменичко место,“

изјави еден од преговарачите на ДУИ Муса Џафери. Најавите се дека до крајот на неделава поделбата на ресорите ќе биде извесна. Ова особено што двата преговарачки тима оценуваат дека најтешкиот дел од работата - усогласувањето на платформата е завршен.