Сеул: Кели пристигна во Јужна Кореа

Американскиот претставник Џејмс Кели денеска пристигна во Сеул за да ги брифира претставниците на владата за разговорите што тој неделава ги имаше со владините лидери на Северана Кореја. Таа средба која се очекуваше да биде фокусирана на загриженоста на Вашингтон за производството на оружје за масовно уништување Кели ја оцени како искрена и корисна но додаде дека сеуште не станало збор за темите на натамошните разговори. Во Сеул Кели треба да се сретне со мининстерот за надворешни работи на Јужна Кореја Чои Сунг Хонг.