Вашингтон: САД го условува враќањето на инспекторите во Ирак

Соединетите држави нема да го поддржат враќањето на инспекторите за оружје во Ирак се додека Советот за безбедност на Обединетите Нации не ја усвои новата резолуција. Ова го изјави американскиот секретар Колин Паул во Вашингтон откако претствниците на Обединетите нации и на Ирак на состанокот во Виена постигнаа договор според кој инспекторите во таа земја треба да влезат за две недели. Предлогот за нова резолуција за Ирак е неприфатлив и непотребен изјави во мегувреме ирачкиот замник министерот за надворешни работи Тарик Азис.