Неделава ќе се знае повеќе

Во таборите на двата преговарачки тима за идната владина коалиција се воздржани во информациите за почетокот, а особено за очекувањата со што ќе резултираат разговорите меѓу СДСМ и Демократската Унија за Интеграција. Оваа недела ќе се знае повеќе, велат упатените:

„Во текот на оваа недела ќе бидат јасни преговорите и за функционирањето на новата влада, и за функционирањето на Собранието. Со почетокот на оваа работна недела очекувам многу нешта да се прецизираат.“

„Оваа недела ќе се знае, после конституирањето на Собранието.“

„Очекуваме да не контактираат СДСМ и тоа најверојатно ќе биде во текот на оваа недела, во среда или четврток, кога ќе започнат и преговорите.“


изјавија Радмила Шеќеринска од СДСМ, Петар Гошев од ЛДП и Агрон Буцаку од ДУИ. За оваа партија приоритетот е во дефинирањето на заедничката владина платформа, а дури потоа делење на министерскитре места.

„Наш став е претходно да се договориме. Мислам дека од двете страни постои политичка волја, а тоа значи да имаме заедничка програма што е нормално за владата. Очекуваме да почнат преговорите за конкретни пташања.“

изјави Агрон Буџаку. Сепак до четврток за кога е закажана конститутиваната седница на новиот парламентарен состав мора да се постигне договор за председателот на собранието. Оттаму првата конкретна работа што ќе произлезе од разговорите меѓу СДСМ И ДУИ е договор за првиот човек на собранието.

На разговорите во рамките на победничката коалиција околу учеството во извршната власт засега единствено извесно е министерството за финансии за Петар Гошев од ЛДП, како и одбрана и надворешни за социјалдемократите Владо Бучковски и Илинка Митрева.