Претседателот Џорџ Буш разговораше со највисоките руски претставници со цел Москва да им се придружи на Соединетите Држави во кампањата за преземање акција против Ирак. Вчера тој зборуваше по телефон со претседателот Владимира Путин, а Белата Куќа ја посетија рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов и министерот за одбарна Сергеј Иванов. Путин нагласил дека Русија бара колку што е можно побрзо инспекторите на Обединетите нации да се грижат за нуклераното биолошкото и хемиското оружје во Ирак. Кремљ се согласил Русија и САД да соработуваат за прашањето за Ирак.