Њујорк: Со комеморација започнува 57-та сесија на генералното собрание на ОН

Денеска, со комеморација по повод годишнината од терористичките напади на 11-ти септември, започнува 57-та сесија на генералното собрание на Обединетите Нации. Според најавите , американскиот председател Џорџ Буш во неговото обраќање во четврток ќе побара меѓународна подршка за воена акција против Ирак.