САД: Американските амбасади можна цел на терористички напади

Американскиот Стејт Департмент испрати инструкции до сите дипломатски представништва во светот да ги зајакнат мерките за обезбедување воочи годишнината од терористичките напади врз Соединтетите Држави. Портпаролот на Стејт Департментон Ричард Баучер изјави дека постојат сериозни показатели за можни нови напади и сите 260 американски амбасади се предупредени дека се потенцијална цел на терористички напади. Предупредување е испратено и до сите американски државјани во странство да бидат особено внимателни за време на годишнината на терористичките напади.