Се стравува дека стотина луѓе загинале во железничката несреќа во источна Индија кога еден патнички воз излетал од шини додека минувал преку мост. Истрагата за причината за несреќата е во тек, а според некои полициски извори постојат сомневања дека станува збор за саботажа зад која стојат маоистичките бунтовници.