Андреас Грос, од парламентарното собрание на Советот на Европа. Не очекуваме насилство на денот на изборите

И покрај оценките дека изборната кампања е реалтивно мирна и конструктивна сепак има инциденти. Какво е вашето мислење за предизборната атмосфера и што велите како ќе помине денот на гласањето?

Ние не очекуваме инциденти на денот на гласањето. Мора да направиме се за да се избегне насилството и зголемувањето на тензијата. Но, јас морам да кажам дека сум многу загржиен бидејќи многу луѓе ги слушаат само оние кои го делат нивното мислење или пак оние кои се од нивната заедница и воопшто не ја слушаат другата страна. Ова е многу опасно и затоа политичарите, владата, големите партии и медиумите мора да бидат повнимателни. Ситуацијата со медиумите е далеку од задоволувачка. Не можете да имате добра демократија без јаки и добри медиуми. Во оваа смисла сметам дека треба да се направи повеќе за да се подобри ситуацијата во медиумите посебно во радиото и телевизијата, бидејќи за жал многу луѓе не читаат весници.

Многу се говори за улогата на ОБСЕ во мониторингот на претстојните парламентарни избори, но свои набљудувачи има и Советот на Европа. Која е нивната улога?

Советот на Европа испраќа луѓе кои дејствуваат во рамките на мониториг мисијата на ОБСЕ. Во неа има набљудувачи од Канцеларијата за човекови права при ОБСЕ, но и луге од парламентарните собранија на нашата органзација, Европската унија и ОБСЕ. Советот на Европа оценува дека мисијата што ќе ги набљудува изборите во Македонија е една од најголемите. Најверојатно мониторите ќе бидат во можност да поминат на сите избирачки места, а тоа досега не се случило.
Но, најважно е дека на денот на изборите ќе има околу 1000 набљудувачи и околу 100 парламентарци. Многу сум среќен што можам да кажам дека парламентарци ќе ги набљудуваат изборите, бидејќи тие зборуваат јасно и со повеќе храброст отколку диполматите. Македонија треба да чувствува дека има поддршка, како и граѓаните бидејќи ние скамае да придонесеме тие да се чувствуваат сигурно на денот на гласањето

Која е вашата порака до учесниците во изборниот процес?

Пораката е дека политичарите треба да го контролираат начинот на зборување. Кога тие се агресивни и националистички настроени, тоа значи дека имаат намера да остават впечаток, да ги исклучат сите оние кои не го делат нивното мислење. Ова е многу опасно и затоа основна обврска на политичарите е да ги почитуваат другите. Тие мора да покажат дека изборите се заеднички напор и да придонесат за интеграција на држвавава во евроатланските структури.