Изборната комисија на Пакистан ја одби кандидатурата на бившата премиерка Беназир Буто за престојните парламентарни избори. Властите образложија дека лица кои се осудени не можат да се кандидираат на избори. Буто, која е во егзил, во минатиот месец е осудена на три години затвор поради корупција.