Претставник на Обединетите нации во Приштина соопшти дека вчера етнички Албанци отвориле оган врз група Срби кои работеле на своите ниви во Гораждевац, при што на мета се нашле и припадници на полицијата на УНМИК и на КФОР, кои патролирале во тој реон. Никој не бил повреден, а ситуацијата била ставена под контрола кога дошло засилување на меѓународните сили.