Албанија и Југославија се согласија да ги нормализираат дипломатските односи прекинати од бившиот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Албанската влада, одлуката за размена на ополномоштени-вонредни амбасадори ја соопшти по вчерашната средба меѓу министерот за надворешни работи Илир Мета и југословенскиот дипломат Цафо Капитановиќ надлежен за амбасадата во Тирана.