САД: Отфрлени обвинувањата на косовската влада

Официјален Вашингтон ги отфрли обвинувањата на косовската влада дека апсењата поранешни лидери на ОВК биле политички мотивирани. ,,Нема сомневање дека апсењата биле извршени во согласност со сите правни процедури и без оглед на етничката, националната и политичката припадност на осомничените,, - изјави портпаролот на Белата Куќа Филип Рикер. Тој додаде дека Вашингтон јасно ја поддржува мисијата на УНМИК во напорите да промовира еднаквост на Косово. Претходно обвинувањата на косовската влада ги отфрлија и Европската Унија и Русија.