Ирак повторно им понуди на Обединетите Нации обнова на разговорите за мисијата за разоружување на таа земја. Во писмото што шефот на ирачката дипломатија Назри Сабри му го упати на генералниот секретар на Светската Организација Кофи Анан се изразува желбата на Багдад за продолжување на дијалогот.