Поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ побара заеднички кандидат на опозицијата на претседателските избори во Србија да биде Воислав Шешељ. Во писмото што Милошевиќ го испрати од Хаг, каде му се суди за воени злосторства, се бара создавање изборна коалиција на некогаш владеачките социјалисти, југословенската левица и српската радикална партија на Шешељ.