Касписко Море: Воена вежба на Русија, Азербејџан и Касакстан

Русија, Азербејџан и Казакстан учествуваат во големата воена вежба на Каспиското море. Според Москва главна цел на вежбата е јакнење на соработката на земјите од каспискиот регион во насока на спречување шверц со дрога и оружје. Русија на вежбата партиципира со 10 илјади војници, 60 воени бродови и повеќе од 30 борбени авиони и хеликоптери.