Во општина Бујановац, во јужна Србија, гласањето од локалните избори ќе биде повторено во осум изборни единици - реши општинската изборна единица. Прегласувањето би можело да ги промени изборните резултати според кои за градоначалник на Бујановац е избран етнички Албанец. Овие резултати предизвикаа протести на српската заедница во градот.