Програма за обука на инструктори од македонската армија

Заедничката тренинг програма за обука на инструктори од македонската армија која беше спроведена во соработка со експерти од САД не само што дава можност за усовршување на армијата, туку е и начин за подобро меѓусебно разбирање, рече на денешната церемонија по повод завршувањето на двомесечната обука за специјални дејствија, вршителот на должност во американската амбасада Даглас Добсон

„Трите единици кои учествуваа во обуката воената полиција, шестиот одред и извидувачката полиција имаат голема улога во зачувување на интегритетот на оваа држава. Овој тренинг ја демонстрираше вредноста на комбинираните операции и потребата да се кооординираат воените операции.“

Добсон посочи дека кулминацијата на воената вежба беше тридневниот тренинг кој како што рече покажа дека сите единици вклучени во програмата можат да го употребат наученото во реална средина. Тој им поража на војниците:

„Крајна ваша цел треба да биде да сте подготвени да ја извршите дадената задача, а притоа да ги минимизирате опоснастите по вас и за оние околу вас.“

Претставникот на генерал штабот на АРМ Стојан Дракалски посочи дека спроведената програма е многу важна за приближување на нашата земја кон НАТО